УТРО.мк

Превентивно повлечени одредени серии формули за доенчиња – Потрошувачите или да ги врата или да ги уништат

Превентивно повлечени одредени серии формули за доенчиња – Потрошувачите или да ги врата или да ги уништат
Vero

Потрошувачите што веќе ги купиле или да ги врата или да ги уништат 

Врз основа на информации добиени преку европскиот Систем за брзо предупредување за храна и храна за животни (RASFF), спроведено е превентивно повлекување од пазарот на одредени серии формули за доенчиња од брендот Аптамил, соопшти денеска Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

Направена е итна инспекциска контрола кај увозникот на производите, од кој АХВ доби и официјално известување дека од пазарот веќе се повлечени производи опфатени со нотификациите и дека е извршено и нивно отповикување.

Повлекувањето се однесува на ограничен број серии кај кои постои можност за присуство на цереулид. 

Производи опфатени со повлекувањето се:

· APTAMIL AR 2

Сериски број (лот)
Рок на употреба
20250924 / 111492248
24.09.2026
20251106 / 111505015
06.11.2026

· APTAMIL PRONUTRA 2

Сериски број (лот)
Рок на употреба
20250619 / 111450979
19.06.2026
20260720 / 111470149
20.07.2026
20260922 / 111494041
22.09.2026
20261027 / 111509436
27.10.2026
20261130 / 111518857
30.11.2026
20261219 / 111526365
19.12.2026
20270121 / 111539141
21.01.2027

· APTAMIL PRONUTRA 1

Сериски број (лот)
Рок на употреба
20260722 / 111473082
22.07.2026
20260904 / 111489543
04.09.2026
20261014 / 111504828
14.10.2026
20261126 / 111519122
26.11.2026

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран