УТРО.мк

Владата ја утврди новата регулатива за Советот на јавни обвинители – чекор кон поголема независност и транспарентност

Владата ја утврди новата регулатива за Советот на јавни обвинители – чекор кон поголема независност и транспарентност
Vero
vlada
vlada

На денешната седница, Владата донесе одлука да го утврди Предлог-законот за Советот на јавни обвинители, кој Министерството за правда го оценува како клучен за зајакнување на независноста, отчетноста и транспарентноста на јавнообвинителскиот систем.

Законот носи значајни промени кои го обликуваат работењето на Советот на нов, поотворен и поодговорен начин. Меѓу главните новини е детално дефинираната постапка за разрешување на претседателот и заменик-претседателот на Советот, која може да се покрене само врз основа на образложено барање од најмалку четири членови на Советот.

Советот добива и засилена улога во изборот и разрешувањето на Јавниот обвинител на Република Северна Македонија, со право да поднесува иницијатива за разрешување до Собранието. Дополнително, се воведува повисока транспарентност во работата на Советот – второстепената дисциплинска постапка ќе биде јавна, со исклучоци предвидени за заштита на лични податоци, угледот на странките и други легитимни интереси.

Новиот закон поставува и прецизни критериуми за избор на членови на Советот, со цел да се гарантира нивната стручност, искуство и интегритет, во согласност со моделот на новиот Закон за Судскиот совет. Исто така, детално се уредува постапката за разрешување на членови, со јасно дефинирани рокови и критериуми.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран