УТРО.мк

24 куќи во Битола се потенцијална опасност, сопствениците добија писмено известување

24 куќи во Битола се потенцијална опасност, сопствениците добија писмено известување
Vero

Општина Битола започна акција за справување со потенцијално опасни објекти во градот. До 24 сопственици на куќи кои се закануваат да се урнат или да испуштат делови од фасади, керемиди и други предмети на јавни површини, односно на коловозите и тротоарите, веќе се испратени писмени известувања.

Според локалната самоуправа, од сопствениците се очекува брза реакција и преземање на мерки за обезбедување на објектите, согласно законите за градење и за локална самоуправа. Некои од куќите се празни, а дел од сопствениците живеат во странство или ги напуштиле своите домови, но безбедноста на граѓаните и учесниците во сообраќајот не смее да биде компромитирана.

„Веруваме дека објектите можат да се обезбедат на подобар начин. Сопствениците не смеат да ги запоставуваат своите имоти“, истакнаа од Општината.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран