УТРО.мк

Строги контроли на непрописно паркирани возила во Центар – казни до 50 евра

Строги контроли на непрописно паркирани возила во Центар – казни до 50 евра
Vero

Општина Центар влегува во офанзива против хаосот со паркирањето. Со засилено присуство на комунални инспектори и редари на терен, локалната самоуправа почна решително да удира по возачите кои ги игнорираат правилата и ги оставаат автомобилите каде што ќе стигнат – на тротоари, зелени површини и јавни простори наменети за пешаци.

Контролите се секојдневни и без компромис. Секое возило затекнато во прекршок ќе биде евидентирано, а на шофершајбната ќе го чека писмено известување како доказ дека правилата се прекршени. Казната не е симболична – изнесува 50 евра во денарска противвредност, а сопствениците се должни веднаш да се јават во Секторот за инспекциски работи на Општина Центар, во барака 6А, за да го подигнат платниот налог.

Сепак, постои и „поправен испит“ за оние што ќе реагираат навреме. Доколку глобата се подмири во рок од осум дена, износот се преполовува и се плаќаат 25 евра. По истекот на овој рок, следува целосна наплата и отворање прекршочна постапка пред надлежен суд – сценарио кое значи дополнителни трошоци и губење време.

Градоначалникот Горан Герасимовски порачува дека оваа акција не е краткорочна кампања, туку јасна политика: пешаците и зеленилото мора да бидат заштитени. Според него, законот ќе важи подеднакво за сите, без привилегии и без исклучоци.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран