
Денес (10 февруари), пред Собранието на Република Македонија ќе се одржи протест организиран од Сојузот на синдикати. Акцијата ќе се случува на крстосницата на улиците „11-ти Октомври“ и „Даме Груев“, а полицијата најавува дека во случај на потреба сообраќајот ќе биде пренасочен кон околните улици.
Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе воведе посебен режим за регулирање на сообраќајот, а СВР Скопје апелира до возачите и пешаците да ги следат упатствата на полициските службеници за да се избегнат несакани застои и инциденти.























