УТРО.мк

Годишни членарини и провизии за кредитни картички во македонските банки: Споредба на надоместоците

Годишни членарини и провизии за кредитни картички во македонските банки: Споредба на надоместоците
Vero

Ако размислувате за издавање кредитна картичка во Македонија, подгответе се и за годишен трошок кој често се заборавa – членарината. Таа најчесто се движи околу 1.500 денари, но разликите меѓу банките се очигледни кога ќе се погледнат официјалните тарифи објавени на платформата на Народната банка.

На пример, Шпаркасе банка и ПроКредит банка наплаќаат по 1.500 денари годишно, додека Халк банка и Централна кооперативна банка чини 1.200 денари. УНИ банка е најскапа со 1.800 денари, а кај Стопанска банка и НЛБ членарината е нешто пониска – 895 односно 900 денари, при што пензионерите имаат поволности. Слични суми се забележуваат и кај Комерцијална банка (900 до 960 денари) и кај Силк роуд банка (900 денари за „Виза“ картичка).

Важно е да се знае дека не сите банки наплатуваат членарина на ист начин. Некои го прават тоа еднаш годишно, други на месечни рати. Некои банки нудат ослободување од членарина првата година, а кај дел од банките таа може да се избегне и во наредните години доколку месечниот промет надминува одредена сума. Сепак, дури и ако картичката не се користи, додека е активна, банката бара наплата.

Освен членарината, користењето на кредитната картичка носи и други трошоци. На пример, повлекувањето готовина од банкомат секогаш е со провизија, која кај македонските банки се движи од 2 до 4 отсто, во зависност од институцијата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран