УТРО.мк

Општина Битола формира комисија за опасни и запуштени објекти

Општина Битола формира комисија за опасни и запуштени објекти
Vero

Општина Битола испрати писмено известување до 24 сопственици на куќи кои претставуваат потенцијална опасност од рушење или паѓање на делови од куќа врз коловоз или тротоар во градот.

Од Општина Битола очекуваат одговор од сопствениците и постапување согласно законите за градење и за локална самоуправа.

– Упативме писмено известување до сопствениците чии куќи претставуваат потенцијална опасност од рушење или паѓање на делови од фасада, керамиди и други предмети врз јавна површина, односно коловоз, тротоар и слично. Очекуваме одговор на писмените обраќања, известувања до сопственици на 24 објекти, куќи на повеќе локации во Битола. Според теренските информации некои куќи се празни, сопствениците се иселени во странство или ги напуштиле, но безбедноста на граѓаните не смее да биде загрозена. Уверени сме дека може да се изврши подобро обезбедување, а сопствениците не смее да ги запоставуваат сопствените објекти, нагласија од локалната самоуправа.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран