УТРО.мк

„Рипавме од кревет, мислев дека ѕидовите во зградата ќе пукнат“ – први сведоштва за силниот земјотрес (ВИДЕО)

„Рипавме од кревет, мислев дека ѕидовите во зградата ќе пукнат“ – први сведоштва за силниот земјотрес (ВИДЕО)
Vero

Силниот земјотрес со јачина од 4.8 степени според Рихтер, кој вечерва околу 22 часот го погоди регионот, предизвика страв и паника во повеќе држави. Епицентарот беше лоциран на 19 километри источно од Призрен и 15 километри северозападно од Тетово.

Сведоштва од Косово и Србија: „Рипавме од кревет“ 

Најдраматично било во близина на епицентарот, во селото Партеш, општина Гњилане, мештаните изјавија дека потресот бил многу силен и предизвикал значително тресење на предметите во домовите.

„Сè ни се тресеше во куќата, цвеќето од прозорецот почна да се тресе, на крајот една саксија падна на подот“, сведочи една мештанка.

 Призрен, каде што се смета дека било најлошо, граѓаните опишуваат бучава и силно нишање.

“Многу се тресеше“.
„Беше многу страшно, се тресе и прави бучава, траеше околу 8 секунди“.
„Рипнавме од кревет“.

Потресот предизвика паника и во јужна Србија, особено во Ниш и Лесковац, а се почувствувал сè до Белград. Жителка на Нови Белград го опиша моментот: „Седевме и гледавме телевизија. Одеднаш помислив дека ми се врти во главата, а тогаш видов дека лустерите се мрдаат“.

Алармантно во Македонија: „Најсилниот што сум го почувствувал“

Граѓаните од Македонија, особено оние во западниот дел, известуваат за драматични моменти.

„Никогаш немам доживеано вака јак земјотрес во Македонија“, вели еден граѓанин, додавајќи дека е „најсилниот потрес што го почувствувал во животот“.

Други сведочат дека работите паѓале од полиците, а оние на повисоките катови стравувале за структурниот интегритет на зградите.

„Мислев дека ѕидовите во зградата ќе пукнат“, гласи едно од сведоштвата.

Виеото може да го погледнете тука

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран