
Унгарскиот министер за надворешни работи и трговија, Петер Сијарто, ги предупреди Брисел и Киев дека ЕУ ризикува да се вовлече во „фанатизам на санкциите“ со својот нов пакет мерки против Русија. Во телевизиска емисија, тој истакна дека се разгледува можноста за вклучување на големите руски енергетски компании – „Гаспром“, „Лукоил“ и нуклеарниот гигант „Росатом“ – на 20-тиот список на санкции.
„Европа во моментов страда од војна и фанатичен однос кон санкциите. Се предлагаат се повеќе екстремни мерки, кои можат сериозно да ја загрозат енергетската безбедност на земјите членки, особено на Унгарија“ нагласи Сијарто. Тој додаде дека соработката со овие компании е од витално значење за одржување на стабилни цени на комуналните услуги и за енергетската сигурност на неговата земја.























