УТРО.мк

Божиновска: Стратешкото партнерство со САД клучно за развојот на енергетскиот сектор

Божиновска: Стратешкото партнерство со САД клучно за развојот на енергетскиот сектор
Vero

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, денеска остварила средба со вршителката на должност амбасадор на Соединетите Американски Држави во земјава, Никол Варнес.

На средбата се разговарало за продлабочување на стратешкото партнерство меѓу Северна Македонија и САД, со посебен акцент на поддршката за реформите и развојот на енергетскиот сектор. Според Божиновска, ова партнерство претставува значајна основа за обезбедување стабилна економија, модерна инфраструктура и сигурна енергетска иднина.

Министерката изразила благодарност за континуираната поддршка што САД ја даваат во процесот на спроведување реформи и јакнење на институциите во државата.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран