
Земјотресот што го вознемири регионот не е само обично тресење, туку дел од фасцинантен геолошки процес на „растење“ и поместување на Шар Планина. Професорот Ивица Милевски од ПМФ, преку детална геоморфолошка анализа, објасни дека при потресот планината се поместила вертикално и хоризонтално, ослободувајќи огромна количина енергија.
Притисок од Африка и Јадранот
Според професорот, причината за земјотресот лежи во „вклештеноста“ на малите микро-плочи на кои се наоѓаат нашите планини и котлини. Тие се под постојан притисок од големите континентални плочи.
- Главен виновник:Притисокот доаѓа од Африканската плоча од југ, поточно нејзиниот сегмент –Јадранската плоча (Adria). Таа турка кон североисток и ги „размрдува“ раседите во северна Албанија, Косово и западна Македонија.
Планината „порасна“, но и се мрдна во десно
Најинтересниот дел од анализата се однесува на физичките промени што ги предизвикал земјотресот. Шарпланинскиот блок, кој е ограничен со раседи, претрпел моментално поместување.
- Вертикално:Планината се издигнала задесетина милиметри.
- Хоризонтално:Има поместување донеколку сантиметри кон исток, што придонесува за лачното извивање на планината.
- Енергија:Проценетата ослободена енергија е еквивалент наоколу 100 тони ТНТ.
Нема страв за катастрофални земјотреси
Иако бројките звучат сериозно, Милевски смирува. Тој потенцира дека ова подрачје е само умерено активно.
„Тектониката и раседите се слабо до умерено активни и не се очекува да дадат посилен земјотрес околу Шара, за разлика на пример од дебарското, валандовското, пехчевското, па и скопското подрачје“, објаснува професорот.
Заклучокот е дека едноставно сме сведоци на природно „дооформување“ на северниот дел на Шар Планина и околните котлини.























