
Градежните работи во населено место Ратае се во полн ек. Моментално се изведува отстранување на стариот асфалт, се врши подготовка и тампонирање на теренот, а наскоро ќе следи поставување на нов асфалт и изградба на тротоари.
Градоначалникот на општина Јегуновце, Димитар Костадиноски, денес изврши увид во градежните активности и констатира дека работите се одвиваат според планираната динамика.























