УТРО.мк

Промоција на македонските вина во Париз: Муцунски најави засилена поддршка за извозот

Промоција на македонските вина во Париз: Муцунски најави засилена поддршка за извозот
Vero

Македонските вина добија своја вечер во Париз – во срцето на светската винска престолнина, каде традицијата и престижот се мерат во векови, а квалитетот е единствениот вистински критериум.

Во рамки на работната посета на Франција, министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков и охридскиот градоначалник Кирил Пецаков, присуствуваше на настан посветен на промоцијата на македонските вина пред француската и меѓународната јавност. Поддршката на македонската амбасада во Париз, предводена од амбасадорот Игор Николов, како и присуството на претставници од домашните винарии, ѝ дадоа дополнителна тежина на оваа дипломатско-економска иницијатива.

Гостите од дипломатскиот кор, претставниците на француската винска индустрија, културниот и јавниот живот, имаа можност да ги пробаат вината што сè почесто освојуваат признанија на европските и светските пазари. Акцентот беше ставен на долгата традиција на производство, автентичните сорти и конкурентниот квалитет што Македонија го нуди.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран