УТРО.мк

Седлоски верува во репрезентацијата: Македонија подготвена за Лига Б во Лигата на нации

Седлоски верува во репрезентацијата: Македонија подготвена за Лига Б во Лигата на нации
Vero

Македонската фудбалска репрезентација утре ќе го дознае распоредот на противниците во претстојното издание на Лигата на нации, каде што за прв пат во историјата ќе се натпреварува во елитниот Б сегмент.

За селекторот Гоце Седлоски и неговите избраници, новите дуели претставуваат голем предизвик, но и шанса да се подготви тимот за квалификациите за Европското првенство во 2027 година. „Репрезентациите од првиот и вториот шешир се фаворити поради својот рејтинг и искуство, но тоа не значи дека исходот е предодреден. Ние ќе бидеме конкурентни на секој натпревар, ќе го наметнеме нашиот стил и ќе покажеме дека Македонија заслужено се наоѓа во Лига Б“, изјави Седлоски пред жрепката.

Тој истакна дека тимот ќе ги почитува противниците, но најмногу ќе верува во сопствените сили. „Ако бидеме организирани и фокусирани од првата до последната минута, можеме да бидеме незгоден противник за секого. Овој циклус е нов чекор за напредок и шанса да го потврдиме нашиот квалитет“, додаде селекторот.

Жрепката ќе се одржи утре во 18 часот во Брисел. Македонија се наоѓа во четвртиот шешир, заедно со Северна Ирска, Шведска и Косово.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран