УТРО.мк

Голема акција на Европол – Спречен влез на 1,2 милијарди евра фалсификувани пари во Европа

Голема акција на Европол – Спречен влез на 1,2 милијарди евра фалсификувани пари во Европа
Vero

Во координирана полициска операција во која учествуваа 18 европски држави, спречен е обид за пуштање во оптек на фалсификувани пари во вредност од околу 1,2 милијарди евра. Акцијата била координирана од Европол, а во неа учествувале и надлежните институции од Хрватска.

Според официјалните податоци, повеќе од 90 проценти од вкупниот износ на запленетите банкноти бил поврзан со пратки кои потекнувале од Кина.

Во рамки на операцијата биле пронајдени и одземени повеќе од седум милиони фалсификувани банкноти и монети во различни валути. Меѓу нив, 4,8 милиони биле евра, 2,3 милиони предмети се однесувале на американски долари, 23.302 биле во британски фунти, додека 4.800 биле во швајцарски франци.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран