УТРО.мк

Трамвај излета од шините во Сараево: Загина едно лице, двајца повредени, трамвајската станица целосно уништена

Трамвај излета од шините во Сараево: Загина едно лице, двајца повредени, трамвајската станица целосно уништена
Vero

Сараево се соочува со последиците од трагичен инцидент, откако трамвај излета од шините и со голема сила удри во трамвајска станица, која речиси целосно е уништена. Според првичните информации од МВР на Кантонот Сараево, во несреќата едно лице го загубило животот, додека две се пренесени во болница со повреди. Неофицијално, починатиот е маж.

Несреќата се случила на раскрсницата кај Земскиот музеј, на релација од Железничката станица кон Башчаршија. Очевидци на социјалните мрежи опишуваат хаос и паника, додека возилото завршило на коловозот, уништувајќи дел од инфраструктурата.

На местото на настанот веднаш излегле голем број полицајци и пожарникари, а екипи на Итната медицинска помош со повеќе возила ги пренеле повредените во болница. Портпаролката на МВР, Мерсиха Новалиќ, потврди дека јавен обвинител бил известен и дека истрагата е во тек.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран