УТРО.мк

Старец тргна да спасува дете па набрзо откри дека влетал во сцена на филм – ВИДЕО

Старец тргна да спасува дете па набрзо откри дека влетал во сцена на филм – ВИДЕО
Vero

Емотивна сцена од Турција стана хит на социјалните мрежи откако постар човек се обидел да интервенира мислејќи дека дете е физички нападнато на улица, без да знае дека станува збор за снимање на филмска сцена.


На видеото се гледа како старецот брзо се приближува кон група луѓе, видливо вознемирен од тоа што го сметал за насилство врз малолетник. Сепак, неколку секунди подоцна му било објаснето дека станува збор за актерска изведба и снимање на филм, по што ситуацијата се смирува.


Снимката предизвика лавина позитивни реакции на интернет, при што корисниците ја пофалија храброста и човечноста на старецот, нагласувајќи дека неговата реакција покажува дека не е рамнодушен кон насилството врз деца.


„Подобро е да реагираш и да згрешиш, отколку да гледаш и да молчиш“, е една од пораките што најчесто се споделува под видеото.


Настанот уште еднаш ја отвори дебатата за потребата од јасно означување на снимањата на јавни места, за да се избегнат вакви недоразбирања.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран