УТРО.мк

ФОТО – Куклиш се поклони пред жртвите од 1904 година – споменот не смее да се заборави

ФОТО – Куклиш се поклони пред жртвите од 1904 година – споменот не смее да се заборави
Vero

Со панихида и полагање свежо цвеќе пред Спомен-костурницата во селото Куклиш денеска беше одбележана годишнината од трагичните настани од февруари 1904 година, кога селото било запалено, а десетици жители биле убиени.


На комеморацијата присуствуваа градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, членови на Советот на општината, претставници на Сојузот на борците, како и делегации од политичките партии ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ.


Почит на невините жртви им оддадоа и членовите на КУД „Браќа Минкови“, ученици и наставници од ООУ „Даме Груев“, како и жители на Куклиш, кои со достоинство се поклонија пред споменот на загинатите.


Од присутните беше упатена порака дека сеќавањето на жртвите и историските лекции од минатото мора да се негуваат, а оддавањето почит претставува обврска кон нив и кон идните генерации.
Комеморацијата заврши во тивка атмосфера, со положување цвеќе и минута молк во чест на настраданите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран