УТРО.мк

Пијан маж со нож нападна малолетничка во Струга – девојката итно пренесена во болница

Пијан маж со нож нападна малолетничка во Струга – девојката итно пренесена во болница
Vero

Седумнаесетгодишна девојка била нападната со нож во кругот на Општата болница во Струга, при што ѝ биле нанесени телесни повреди, потврдуваат медицински извори.


Според првичните информации, нападот го извршил возрасен маж, по што девојката веднаш била згрижена од медицинскиот персонал во болницата. Лекарите констатирале повреди, но таа е надвор од животна опасност.


Полицијата извршила увид на местото на настанот и се преземаат мерки за расчистување на случајот, како и за утврдување на мотивите за нападот. Од МВР најавуваат дека по целосно документирање ќе следуваат соодветни пријави против напаѓачот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран