УТРО.мк

(ВИДЕО) Шокантен настан на излез од мол: Израелски турист се обиде да грабне дете од рацете на мајката – настанот е снимен од безбедностите камери

(ВИДЕО) Шокантен настан на излез од мол: Израелски турист се обиде да грабне дете од рацете на мајката – настанот е снимен од безбедностите камери
Vero

Драматичен инцидент се случил во Италија, каде израелски турист бил уапсен откако се обидел да грабне дете директно од рацете на неговата мајка во трговски објект.


Според информациите на италијанските медиуми, осомничениот се приближил до жената на излезот од објектот и се обидел насилно да го земе детето, но мајката успеала да го задржи. Инцидентот бил забележан од обезбедувањето и од други лица кои веднаш реагирале.


Полицијата брзо пристигнала на местото и го привела осомничениот, кој подоцна бил уапсен под сомнение за обид за киднапирање.


Видео од настанот, снимено од безбедносни камери, се прошири на социјалните мрежи и предизвика силни реакции кај јавноста.


Италијанските власти водат истрага за мотивите на напаѓачот и околностите под кои се случил инцидентот.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран