Samsung планира до крајот на 2026 година да претстави нови паметни очила без екран, кои ќе бидат независни од Android XR моделот што компанијата го развива заедно со Google.
Според информациите на корејскиот портал SEDaily, уредот ќе има вградени звучници, микрофон и камера, но нема да содржи дисплеј, што го прави пофункционално сличен на моделот Meta Ray-Ban, отколку на класични AR/VR уреди.
Плановите на Samsung за ваков производ се појавија уште минатата година, но првичното лансирање беше одложено. Во меѓувреме, компанијата и Google паралелно работат на Android XR очила со вградени екрани и на VR headset-от „Project Moohan“, кој треба да понуди искуство слично на Apple Vision Pro.
Новите очила без екран би требало да бидат позиционирани како посебна категорија производи, со можност за користење на Android XR системот и поддршка за Gemini AI асистентот на Google. Засега нема информации за цената и конечните спецификации, а повеќе детали се очекуваат на почетокот на 2026 година.