УТРО.мк

Денес е роденденот на Методија Андонов – Ченто: Симбол на македонската борба за слобода

Денес е роденденот на Методија Андонов – Ченто: Симбол на македонската борба за слобода
Vero

На 17 август 1902 година во Прилеп е роден Методија Андонов – Ченто, значајна фигура во македонската историја и прв претседател на Претседателството на АСНОМ. Уште од млада возраст, работел на прилепските тутунски и афионски полиња, а подоцна завршил средно трговско училиште и отвори бакалско-угостителски дуќан.

Ченто активно ја застапувал македонската национална кауза, учествувал на изборите во 1935 и 1938 година, а за време на бугарската окупација одбил соработка со окупаторите и бил интерниран во логори. Во 1943 година се приклучил на НОБ, а по основањето на АСНОМ станал негов претседател.

По завршувањето на Втората светска војна, Ченто се залагал за правата на македонскиот народ, но поради несогласување со тогашниот режим бил осуден на 11 години затвор. Починал на 24 јули 1957 година во Прилеп.

Долги години по неговата смрт, Методија Андонов – Ченто беше табу тема, а неговата пресуда од 1946 година е укината во 1990 година. Во 2010 година, посмртно беше одликуван со „Орден на Република Македонија“.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран