Вицепремиерот и министер за транспорт и врски, Александар Николоски, соопшти дека со засилено темпо продолжуваат градежните работи на автопатот Охрид–Кичево.

„Ги решаваме проблемите од минатото и работиме забрзано. Во функција е пуштена клучката што ги поврзува Охрид и Струга со Албанија, што претставува значаен чекор во подобрувањето на регионалната инфраструктурна поврзаност,“ објави Николоски на Фејсбук.
Тој додаде дека изградбата на автопатот е еден од приоритетните проекти на Владата, со цел олеснување на сообраќајот и зајакнување на економските врски во регионот.