Руското министерство за одбрана објави дека нивните сили погодиле украински складишта со балистички ракети „Сапсан“ и притоа собориле над 300 украински дронови. Според соопштението, воздушните сили користеле борбени авиони, беспилотни летала и ракети во серија напади низ Украина.
„Нападнавме украински складишта со ракети Сапсан на повеќе локации низ земјата. Истовремено, системите за противвоздушна одбрана соборија четири наведувани авионски бомби и 300 дронови“, соопшти руското министерство.
Се наведува и дека руските сили зазеле подобри позиции во близина на селото Золотии Колодјаз во Донецкиот регион, додека украинската страна тврди дека го запрела напредувањето.
Ракетниот систем „Сапсан“ (познат и како „Хрим-2“) е ново оружје на Украина со дострел од околу 300 километри и бојева глава тешка речиси половина тон. Се смета за еквивалент на рускиот „Искандер“ и е исклучително тежок за пресретнување.
Украина го користи овој систем од мај годинава, а според извори од Киев, веќе е започната сериска производство, со цел зајакнување на домашната одбранбена автономија и намалување на зависноста од западните сојузници.