УТРО.мк

Кедев алармира: Пациенти во Македонија се оперираат без потреба заради профит

Кедев алармира: Пациенти во Македонија се оперираат без потреба заради профит
Vero

Интервентниот кардиолог Сашко Кедев во емисијата „Стадион“ изнесе сериозни обвинувања дека во одредени болници во Македонија се вршат непотребни хируршки интервенции врз пациенти, единствено со цел остварување профит.

„Најголем дел од мојата консултативна работа е да одвратам пациенти од непотребни интервенции – стентирања и операции. Се соочуваме со застрашувачка појава, тоа се интервенции кои немаат медицинска оправданост, туку се профит-ориентирани,“ рече Кедев.

Тој нагласи дека постојат докази за случаи во кои бил отворен граден кош без вистинска медицинска причина, и предупреди дека во развиените земји како Англија или САД, такви центри би биле затворени веднаш.

„Имаме пролиферација на приватни болници кои работат поради профит. Тоа е сериозен етички проблем и институциите – Министерството за здравство и Фондот за здравство – мора да реагираат, бидејќи тие плаќаат дел од овие интервенции,“ додаде Кедев.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран