Партијата ДПА одлучи да не учествува на претстојните локални избори, поради тоа што, според претседателот Мендух Тачи, изборите претставуваат „политичка маскарада“.
„Централното собрание одлучи дека Демократската партија на Албанците одбива да учествува во оваа политичка маскарада наречена избори и нема да имаме кандидати на овие избори“, изјави Тачи, кој неодамна ги прекина односите со Али Ахмети и Европскиот фронт.
Тачи додаде дека Ахмети свесно влегол како сојузник на „двата заколнати непријатели на ДПА“, а Собранието на партијата заклучило дека соработката со Ахмети и со ДУИ е целосно невозможна.