На улицата „Славеј планина“ во Скопје, вчера попладне избила групна тепачка во која учествувале повеќе лица на возраст од 18 до 56 години.
По интервенција на полицијата и пријава во Полициската станица Бит Пазар, приведени се осум лица – С.Д. (50), С.С. (56), А.А. (19), С.Џ. (18), Џ.Р. (21), А.Д. (25), С.Д. (18) и Д.Д. (31), сите од Скопје.
Според информациите, во тепачката биле употребени тврди и остри предмети. Со тешки телесни повреди се здобиле С.Д. (33) и А.Д. (27), а уште неколку учесници поминале со полесни повреди.
МВР информира дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.