УТРО.мк

Недостиг од занаетчии и возачи, шефови на кујна заработуваат и до 3.000 евра

Недостиг од занаетчии и возачи, шефови на кујна заработуваат и до 3.000 евра
Vero

Според податоците на Националната служба за вработување во Србија, во јуни биле евидентирани 344.788 невработени лица, што е за речиси 6.000 помалку во однос на мај и за над 25.800 помалку во споредба со истиот месец минатата година. Повеќе од половина од невработените се жени – 194.328.

Во моментот најбарани на пазарот на труд се ѕидари, столари, водоинсталатери, керамичари, заварувачи, електричари и други занаетчии, а шефови на кујна можат да заработат и до 3.000 евра месечно, пренесуваат српските медиуми.

Републичкиот завод за статистика проценува дека стапката на невработеност во првиот квартал изнесувала 9,1 проценти, што е мал пораст во однос на крајот на минатата година, но сепак помалку од истиот период во 2024 година. Стапката на вработеност останала на 51,4 проценти.

Во јуни, секое трето лице кое нашло работа преку Националната служба било под 30 години – вкупно 3.737 млади. На листата на дефицитарни занимања покрај занаетчиите се и возачи на камиони и автобуси, готвачи, кројачи, медицински сестри и лекари.

Истовремено, професии како адвокати, наставници по англиски, физика и музичка култура, социјални работници, ветеринари, стоматолози и сметководители речиси и да не се појавуваат во огласите – за нив во првата половина од годината имало помалку од десет понуди.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран