УТРО.мк

Казухиро Котецу со македонски песни на концертот во Македонската филхармонија „Јапонско срце бие во македонски ритам“

Казухиро Котецу со македонски песни на концертот во Македонската филхармонија „Јапонско срце бие во македонски ритам“
Vero

Јапонскиот оперски пејач Казухиро Котецу, кој и стана препознатлив на македонската јавност преку неговата прекрасна изведба и на македонски песни ќе биде дел од концертот „Јапонско срце бие во македонски ритам“, кој ќе се одржи на 28. јуни во Македонската филхармонија (мала сала) со почеток од 20 часот.

На концертот ќе настапи и Елена Васова, млада и талентирана македонска сопранистка, јапонскиот женски хор Tomoni Utao, со пијано придружба на Акико Каназава, македонскиот мешан хор Про Арс, под диригентство на Сашо Татарчевски, пијанистот Иван Трајковски и јапонската сопранистка Чихиро Суганума.

Котецу ќе ги изведе „Болен ми лежи Миле Поп Јорданов“, „Македонско девојче“, „Ако умрам ил’ загинам“ и други. 

Публиката ќе има можност да чуе и познати јапонски песни.

-Во иднина, сакам многу повеќе да бидам во Македонија, да ја прошетам земјата, да ги запознам луѓето и да ја доживеам вашата величенствена природата. Би сакал да му се заблагодарам на мојот долгогодишен пријател Драган Дамјановски, благодарение на неговата поддршката се случува концертот за кој долго мечтаев, вели Котецу.

Организатор на концертот е компанијата Термалифт – Куманово.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран