УТРО.мк

Силен земјотрес од 4,8 степени ја погоди Грција

Силен земјотрес од 4,8 степени ја погоди Грција
Vero

Силен земјотрес со јачина од 4,8 степени според Рихтеровата скала беше регистриран попладнево, на 20 јуни 2025 година, во 18:18 часот во регионот на Додеканез, Грција.

Според податоците на Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар, епицентарот на потресот бил лоциран на координатите 36.68 географска ширина и 25.75 географска должина, а хипоцентарот се наоѓал на длабочина од околу 7 километри под земјината површина.

Засега нема информации за евентуални жртви или материјална штета. Локалните власти ја следат состојбата, а сеизмолозите апелираат на внимателност поради можноста за последователни потреси.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран