УТРО.мк

ВЛЕН со масовна поддршка го отвори изборниот штаб во скопската чаршија

ВЛЕН со масовна поддршка го отвори изборниот штаб во скопската чаршија
Vero

Со голема посетеност и видлива поддршка од граѓаните, коалицијата ВЛЕН официјално го отвори својот изборен штаб во срцето на скопската чаршија. Настанот се одржа на платото кај споменикот на Скендербег, каде што се собраа стотици поддржувачи.

На бината беа истакнати партиски знамиња и плакати со слоганот „VLEN“, додека говорници од коалицијата се обратија до присутните, повикувајќи на промени и поголема политичка отчетност. Вечерната атмосфера, дополнета со залезот на сонцето, придонесе за симболично означување на, како што рекоа од ВЛЕН, „почетокот на нова ера во албанскиот политички блок“.

Настанот го следеа голем број медиуми, а според организаторите, ова е само првиот од серијата јавни собири што коалицијата ќе ги одржи низ државата во пресрет на локалните избори.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран