Првиот вицепремиер Изет Меџити најави дека на владината седница во вторник конечно ќе се затвори прашањето за соодветната застапеност на Албанците во државната администрација, преку законско решение кое за првпат по 30 години ќе ја регулира оваа уставна обврска на правичен и еднаков начин.
„Ние не сме за дневна политика, туку за законски решенија. И тоа ќе се случи во вторник во Владата. За првпат, прашањето за соодветната застапеност ќе се затвори како тема“, изјави Меџити.
Тој повтори и дека, иако на последните избори нивните противници се здружиле преку четири заедници и девет политички партии, а сега со приклучувањето на Арбен Таравари стануваат десет, сепак „ВЛЕН“ повторно ќе победи, бидејќи – како што рече – „вреди“.