УТРО.мк

Меџити: И со 10 партии против нас, победуваме затоа што вреди!

Меџити: И со 10 партии против нас, победуваме затоа што вреди!
Vero

Заменик-претседателот на Владата и лидер на движењето „ВЛЕН“, Изет Меџити, изјави дека и покрај тоа што на последните избори се соочиле со коалиција од четири заедници и девет политички партии, сепак успеале да победат, а сега и со вклучувањето на Арбен Таравари како десетта партија, исходот повторно ќе биде во нивна полза.

„И со 10 партии против нас, победуваме затоа што вреди. На претходните избори нè имаа против себе четири заедници и девет партии. Денес со Таравари се 10, но ние повторно победуваме“, рече Меџити.

Тој нагласи дека „ВЛЕН“ досега направиле повеќе за унапредување на положбата на Албанците отколку што било сторено во последните две децении.

„Ние го подобруваме она што не е направено 20 години. Ги повикуваме токму таму каде што најсилно нè напаѓаа. Почнаа со крокодилски солзи за Законот за јазиците, за албанскиот како службен јазик. Го претставуваа тоа како трагедија, како да е загрозен јазикот. А денес, кога се разрешува уставна судијка што го нарушила албанскиот јазик — избрана токму од нив — тие молчат. Секој што го нарушува Охридската рамковна спогодба, темелите на оваа држава и достоинството на Албанците, мора да биде санкциониран. А ДУИ и другите денес молчат и не ја споменуваат темата за јазикот“, рече Меџити.

Тој најави и дека наскоро конечно ќе се реши прашањето на соодветната застапеност на Албанците во администрацијата, со нов закон кој, како што рече, ќе биде донесен во вторник на владина седница.

„После 30 години, за првпат, ова прашање ќе се затвори како што треба“, додаде Меџити.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран