Заменик-премиерот и еден од лидерите на владејачката коалиција ВЛЕН, Изет Меџити, жестоко ја критикуваше обединетата опозициска платформа „Европски фронт“, велејќи дека нивното здружување нема врска со интересите на граѓаните и Албанците, туку со лични и бизнис интереси.
„Не се здружија за граѓанинот, не се здружија за Албанецот. Се здружија за Лотаријата, се здружија за Соравија, се здружија за да го спасат Али“, изјави Меџити на отворањето на изборниот штаб на ВЛЕН во Старата скопска чаршија.
Тој додаде дека ВЛЕН останува посветен на реалните интереси на граѓаните, на борбата за транспарентност и правда, најавувајќи убедлива победа на претстојните локални избори.