УТРО.мк

Инфантино со претседателот на ФФМ Омерагиќ: Импресиониран сум од визијата за македонскиот фудбал

Инфантино со претседателот на ФФМ Омерагиќ: Импресиониран сум од визијата за македонскиот фудбал
Vero

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино, се сретна со првиот човек на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ), Масар Омерагиќ, во Мајами. Ова беше нивна прва средба лице в лице, при што Инфантино изрази импресионираност од визијата на Омериќи за развојот на фудбалот во земјава.

„Задоволство ми беше да разговарам за фудбал со претседателот на ФФМ. Импресиониран сум од неговата визија за фудбалот во неговата земја“, истакна Инфантино.

Тој посочи дека добил информации за напредокот што го постигнува ФФМ преку програмата „FIFA Forward“, особено во делот на подобрување на фудбалската инфраструктура и развојот на младите категории и базичниот фудбал.

„ФИФА веќе помогна во идентификацијата на таленти преку програмата за развој на таленти. Со работа на врвните тренери од Академијата на ФФМ, сигурен сум дека овие млади играчи ќе имаат влијание и на континенталната и светската сцена во иднина“, изјави претседателот на ФИФА.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран