Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) започна акција за поддршка на локалните фудбалски клубови ширум државата, донирајќи речиси 2000 фудбалски топки за сите Општински фудбалски сојузи – без исклучоци.
Со оваа иницијатива, ФФМ испраќа порака дека секој клуб е важен, секоја приказна вредна, а секое дете заслужува еднаква шанса да биде дел од фудбалот.
„Секоја фудбалска топка е порака: Вашиот клуб е важен. Вашата приказна е дел од македонскиот фудбал“, велат од ФФМ.
Акцијата е насочена кон охрабрување на младинскиот спорт, еднаков развој на сите општини и поттикнување на љубовта кон фудбалот кај најмладите – и момчиња и девојчиња.
ФФМ продолжува со поддршка за фудбалот на сите нивоа, градејќи инклузивна и достапна спортска средина за идните генерации.