УТРО.мк

Колумбиецот Јанко ја пее „Велат не нема“ со Влатко Миладиноски – Македонците воодушевени (видео)

Колумбиецот Јанко ја пее „Велат не нема“ со Влатко Миладиноски – Македонците воодушевени (видео)
Vero

Познатиот македонски фолк-пејач Влатко Миладиноски на својот Фејсбук профил сподели видео од својот концерт, кое ги воодушеви сите фанови. Но, овој пат главната ѕвезда не беше само тој, туку и колумбискиот музичар Јанко Богдан Пенјафорт Вилја, кој настапи како специјален гостин.

Јанко, заедно со својот бенд, ширум светот ја промовира македонската народна музика, а на концертот на Влатко ја отпеа и неговата позната песна „Велат не нема“, гордо пеејќи на македонски јазик.

Видео од настапот беше споделено и од самиот Јанко, каде што ја покажува магијата од изведбата во холот на Националната опера и балет, што ги воодушеви македонските следбеници од целиот свет.

Публиката особено ја ценеше и емоционалната сцена кога Влатко одеднаш му се придружи на Јанко во пеењето, создавајќи незаборавен момент.

Концертот, кој Влатко го одржа заедно со својот брат Златко и големиот оркестар, беше вистински фолк спектакл со присуство на бројни познати личности. Особено емотивно беше кога на сцената им се приклучија и братучедите на Влатко и Златко – Дамјан и Дарко Стојаноски, синови на легендарни македонски музичари.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран