УТРО.мк

Изложба по повод 45 години од смртта на Владимир Полежина во Музејот на македонската борба за самостојност

Изложба по повод 45 години од смртта на Владимир Полежина во Музејот на македонската борба за самостојност
Vero

Изложба посветена на животниот пат и дело на Владимир Полежина 1912-1980 од авторот м-р Илија Василески, водич историчар, ќе биде отворена во Музејот на македонската борба за самостојност во понеделник, 16 јуни, во 19.30.

Низ оригинални фотографии, документи и лични предмети, како и неговото лично досие од Управата за државна безбедност на Југославија и досега необјавувани материјали, изложбата го протретира ликот и делото на Владимир Полежина, како и неговата улога и неговите заслуги во втемелувањето на македонската држава. 

Од приватната архива на семејството Полежина / Фото: Фејсбук профил на Музејот на македонската борба за самостојност
Од приватната архива на семејството Полежина / Фото: Фејсбук профил на Музејот на македонската борба за самостојност

Исклучителен интелектуалец, доктор на правни науки во Сорбона, Фрнација, учесник во Народно¬ослобо¬дителната и антифашистичка војна на Македонија, член на Централниот комитет на Комунис¬тичката партија на Југославија и на Комунистичката партија на Македонија до 1951 година, делегат на Првото заседание на Антифашистичкото соб¬рание на народното ослободување на Македонија, делегат на Второто заседание на Антифашистичкото собрание на народното ослободување на Југославија, но и лице кое е репресирано на линија на Информбирото.

Од приватната архива на семејството Полежина / Фото: Фејсбук профил на Музејот на македонската борба за самостојност
Од приватната архива на семејството Полежина / Фото: Фејсбук профил на Музејот на македонската борба за самостојност

Изложбата се организира по повод 45 години години од смртта на Владимир Полежина во соработка со неговото семејство, и ќе биде отворена за публиката до средината на август.

ELS
Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран