
Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини, Сања Божиновска, присуствуваше на прием организиран од шпанскиот амбасадор во земјава, Рафаел Соријано Ортиз, по повод посетата на директорот на Институтот „Сервантес“, Луис Гарсија Монтеро.
На настанот беше истакната важноста на културната дипломатија и институционалната соработка како основа за градење посилни односи меѓу Македонија и Шпанија.
Божиновска нагласи дека ваквите средби придонесуваат за унапредување на билатералната соработка и отвораат нови можности за размена на искуства и зајакнување на врските меѓу двете земји во повеќе области.
Таа изрази благодарност за поканата и гостопримството, оценувајќи ја средбата како инспиративна и значајна за понатамошен развој на односите.

















