УТРО.мк

Историски културен симбол: Разгледницата „Поздрав од Гора“ отпечатена во Албанија

Историски културен симбол: Разгледницата „Поздрав од Гора“ отпечатена во Албанија
Vero

Во Албанија е отпечатена првата разгледница посветена на областa Голо Брдо, богат регион со македонско културно наследство, која ќе служи како визуелен поздрав за сите љубители на овој крај. Ова издание има за цел да го претстави природното и културното богатство на Голо Брдо и да ги сплоти луѓето со убавините на оваа историска област.

Разгледницата содржи 15 фотографии од најатрактивните села и пејзажи во Голо Брдо, прикажувајќи делови од секојдневниот живот, архитектонски и природни вредности што го краси овој дел од Албанија, каде што живее значајна македонска заедница.

Авторско дело на Никола Ѓурѓај, претседател на Македонското друштво „Илинден“ од Тирана, оваа разгледница е изработена со поддршка од семејството Ѓурѓај и претставува значаен придонес кон сочувувањето и промоцијата на македонската култура и историја во Албанија.

Разгледницата ќе се дистрибуира низ целата територија на Албанија, со што ќе се овозможи поширока презентација на културното наследство на Голо Брдо пред локалното население и посетители, а ќе послужи и како убава потсетница за историските корени на македонската заедница во регионот.

Овој печатен материјал не само што е естетски привлечен сувенир, туку и вредна културолошка и историографска репрезентација на Голо Брдо, која ќе придонесе за подобро запознавање со богатството на оваа толку важна историска област.

Uslugi
Dijamant Lotarija
Uslugi
Loto & Dzoker
Uslugi
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Uslugi
Филигран