УТРО.мк

Скопјанка измамена за 36.000 евра со старата метода „лажна сообраќајка“

Скопјанка измамена за 36.000 евра со старата метода „лажна сообраќајка“
Vero

Седумдесет и едногодишна жена од Скопје останала без 36.300 евра откако станала жртва на старата измама „лажна сообраќајка“, соопшти Министерството за внатрешни работи.

На 16 октомври, во околу 17:20 часот, жената пријавила дека била контактирана телефонски од лице што се претставило како полициски службеник. Имено, измамникот ѝ рекол дека нејзината ќерка имала сообраќајна несреќа и е тешко повредена, додавајќи дека итно треба да се плати операција.

Подоцна, жената била контактирана од друг измамник, овојпат претставувајќи се како лекар, кој ѝ посочил каде да ги остави парите.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран