ОВР Крушево поднесе кривична пријава против Т.О. (46) од Крушево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“.
Според пријавата, во текот на 2024 година, осомничениот, во својство на референт по сеча и превоз во Јавното претпријатие „Национални шуми“, продал приколка која претходно била одземена од Шумската полиција и предадена на Подрачното шумско стопанство „Липа“ – Крушево.
Со овој потег, Т.О. се стекнал со противправна имотна корист, оштетувајќи го претпријатието. Случајот е предаден на надлежното обвинителство за понатамошна постапка.