Во полициска акција спроведена на 16 и 17 октомври 2025 година на повеќе локации во Скопје, полициските службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода осум лица: Л.Ј. (23), В.М. (19), Џ.Ш. (43), Д.Т. (31), А.Б. (25), Д.С. (20), А.В. (32) и В.А. (20), сите од Скопје.
При претреси и контроли кај нив биле пронајдени и одземени бела грутчеста материја, бела прашкаста материја и марихуана.
Осомничените се приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци до надлежното обвинителство.
Полициската акција е дел од засилените мерки за сузбивање на трговијата и употребата на дрога во главниот град.