Непознати лица извршиле вооружен инцидент во скопската населба Ѓорче Петров, каде што во ноќните часови биле испукани три куршуми кон семејна куќа.
Според пријавата во СВР Скопје, настанот се случил на 17 октомври 2025 година, околу 02:50 часот, кога М.Ј. (39) од Скопје, додека бил во својот дом, слушнал возило како застанува пред куќата, по што следеле три истрели од огнено оружје.
По пукањето, тој забележал скршено стакло на прозорецот од дневната соба, оштетување на ѕидот и две зрна од куршуми на подот. За среќа, нема повредени лица.
Полицијата презема мерки за целосно расчистување на случајот и пронаоѓање на сторителите.