УТРО.мк

Заврши состанокот на Зеленски: Откри што му кажал Трамп

Заврши состанокот на Зеленски: Откри што му кажал Трамп
Vero

Зеленски по средбата со Трамп: „Веруваме во САД и во нивната желба да ја завршат војната“

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави по средбата со американскиот лидер Доналд Трамп дека разговарале за безбедносни гаранции и ракети со долг дострел, но дека нема да открива детали, бидејќи САД не сакаат ескалација.

„Една од темите беа билатералните безбедносни гаранции. Сакаме САД да бидат дел од нашата безбедност“, рече Зеленски, оценувајќи го состанокот како продуктивен.

На новинарско прашање дали верува дека Трамп е сериозен во намерата да се спротивстави на Русија, Зеленски одговори:

„Веруваме во Соединетите Држави. Веруваме дека претседателот Трамп навистина сака да ја заврши оваа војна.“

Тој додаде дека се надева Трамп ќе постигне успех во Украина, како што успеа на Блискиот Исток.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран