УТРО.мк

Што се случува? Најголема чистка во кинеската армија во последните децении

Што се случува? Најголема чистка во кинеската армија во последните децении
Vero

Комунистичката партија на Кина ја спроведе една од најобемните воени чистки во последните неколку децении, исфрлајќи девет високи генерали од армијата и од самата Партија поради сериозни случаи на корупција и злоупотреба на службена должност, јави Би-Би-Си.

Меѓу сменетите се наоѓаат Хе Вејдонг, потпретседател на Централната воена комисија и втор највисок офицер во државата, Мјао Хуа, директор на Одделот за политичка работа, како и неколку команданти на копнените, морнаричките, ракетните и полициските сили. Хе Вејдонг е првиот активен член на Политбирото што е под истрага.

Министерството за одбрана соопшти дека офицерите „сериозно ја прекршиле партиската дисциплина и сториле кривични дела поврзани со огромни финансиски средства“. Сите ќе се соочат со воено обвинителство.

Аналитичарите оценуваат дека чистката не е само дел од антикорупциската кампања, туку и политички потег на Си Џинпинг за зацврстување на контролата врз армијата пред претстојниот пленум на Партијата на 20 октомври, каде ќе се расправа за идниот економски и кадровски курс на земјата.

Според експертот Нил Томас, Си ја гледа оваа „самореволуција“ како начин за прочистување на системот, но ваквите акции, додава тој, го прават поригиден и помалку иницијативен.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран