УТРО.мк

Орбан: Само Унгарија стои на страната на мирот – затоа Трамп и Путин ја избраа Будимпешта

Орбан: Само Унгарија стои на страната на мирот – затоа Трамп и Путин ја избраа Будимпешта
Vero

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека неговата земја е единствената во Европа која доследно се залага за мир, што, според него, е и причината зошто Унгарија е избрана како место за можната средба меѓу американскиот претседател Доналд Трамп и рускиот лидер Владимир Путин.

Во објава на Facebook, Орбан истакна дека неговата партија Фидес никогаш не држела лекции на другите, ниту кога била на власт, ниту во опозиција.

„Никогаш не ги затворавме каналите за дијалог. И, што е најважно, со години доследно стоиме на страната на мирот. Наместо конфронтација – соработка, наместо стигматизација – почитување. Тоа е вистинскиот пат кон мирот,“ порача Орбан.

Тој додаде дека денес Унгарија е единственото место во Европа каде постои реална можност разговорите меѓу САД и Русија да доведат до вистински мировен процес, потенцирајќи дека Будимпешта останува отворена за посредување.

„Брисел можеби се изолира, но ние ќе продолжиме да разговараме,“ заклучи унгарскиот премиер.

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран