Љубовна драма во скопски Карпош заврши со сообраќаен инцидент и физички напад, потврдија од Министерството за внатрешни работи.
Според информациите, 44-годишен маж од тетовско пријавил дека неговата партнерка, по вербална расправија, со своето возило удрила во неговиот автомобил, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите и физички го нападнала.
Инцидентот се случил вчера околу 19 часот, а случајот бил пријавен во полиција во раните утрински часови на 17 октомври.
Од МВР потврдија дека пријавата е евидентирана и дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.