УТРО.мк

Трамп има решение за војната во Украина: Ова е најлудата идеја досега

Трамп има решение за војната во Украина: Ова е најлудата идеја досега
Vero

Трамп има решение за војната во Украина: „Нека двете страни прогласат победа“

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека војната во Украина треба веднаш да заврши по должината на сегашните линии на фронтот, а двете страни да ја прогласат победата.

„Доволно е пролеана крв. Границите сега ги одредија војната и храброста. Нека застанат каде што се — нека двете страни прогласат победа, а историјата нека суди! Доста е смрт, уништување и огромни трошоци“, порача Трамп на својата мрежа Truth Social, по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Трамп го опиша состанокот како „многу интересен и срдачен“, додавајќи дека му ја пренел истата порака и на рускиот претседател Владимир Путин претходниот ден.

„Време е да се сопре убивањето и да се постигне договор. Овој конфликт никогаш немаше да започне ако јас бев претседател“, изјави Трамп.

Според CNN, Зеленски престојувал во Белата куќа околу два и пол часа, а по средбата и самиот изјави:
„Мора да застанеме таму каде што сме. Претседателот е во право. Потоа можеме да разговараме за траен мировен договор.“

Dijamant Lotarija
Loto & Dzoker
Green Machines

Сподели го овој напис

Kalinka Lotarija
Dome Sladok Dome
Филигран