УТРО.мк

Вучиќ: Секој нивен „херојски потег“ завршува со солзи пред полициска станица

Вучиќ: Секој нивен „херојски потег“ завршува со солзи пред полициска станица
Vero

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, денеска остро ги коментираше протестите и блокадите организирани од страна на студенти во Белград и други градови, нагласувајќи дека „не постои никаква шанса тие да успеат“.

– По она што денес се случуваше, беше јасно дека тие немаат никакви шанси – изјави Вучиќ, додавајќи дека секојдневните блокади носат сè помала поддршка од јавноста.

– Поддршката драстично опаѓа секој ден. Луѓето не сакаат такво нешто – рече претседателот, и потенцираше дека, иако Владата нема проблем со изразувањето ставови, загрижува фактот што „некој може да настрада“.

– Секој нивен „херојски потег“ завршува со плачење пред полициска станица – додаде Вучиќ.

Во своето обраќање, тој најави дека во недела во 12 часот официјално ќе биде отворена нова делница од автопатот „Милош Велики“, на релација Паковраќе – Пожега, долга 19,5 километри.

– Веќе во неделата вечер, ќе може да се патува по новиот автопат – истакна Вучиќ.

Green Machines

Сподели го овој напис

Филигран